Очевидец на страшната несреќа: „Слушнав кршење, па здогледав ужас, на тротоарот лежеше мртов човек“


„Се слушна кршељње, имаше повеќе удирања. Видокв како автомобил помина на црвено и се судри со трамвај. А, потоа видов мртов човек“, вака еден од очевидците ја опиша страшната несреќа која околу 8 часот се случи во центарот на Белград, на аголот од Крунската и Ресавската улица.

Во несреќата настрада 42-годишниот пешак С.Т., додека повредениот возач на автомобилот 49-годишниот Д.Д., возачот на трамвајот 55-годишниот З.М. и четити патници се превезени на Ургентниот центар, додека едно лице е еднесено на ортопедска клиника.

До незапаметената несреќа дошло кога автомобил од марката „дачиа логан“, како што неофицијално дознава српскиот Курир, поминал на црвено и удрил во предниот дел од трамвајот, а од силниот удар трамвајот излетал од шините, удрил во дрво, покосил пешак и запрел со удар во зграда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1