Очевидци: Неверојатна приказна како преживеа повредениот во пожарот во Богданци


Тројца загинати и еден повреден е билансот по денешниот пожар во фабрика за плински боци во Богданци.

,, силен звук и тресок, три експлозии и пламен висок неколку метри. Страшно беше, дотрчав веднаш ваму. Многу силно тресна, јас живеам во близина на 500 метри – велат очевидци.

Според изјавите на очевидци, повредениот кој се наоѓа на возраст од 40 години успеал да се спаси така што скокнал во реката која се наоѓа спроти фабриката, пренесува Курир.

Фото - Курир

Фото – Курир

Потоа бил изваден од реката и веднаш пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ од каде информираат за неговата состојба.

-Пациентот е донесен во релативно добра општа состојба, комуникативен , но има изгореници од втор и трет степен околу 30 проценти од телото. Доминираат изгорениците на лицето, шаките, на двете потколеници и на дел од трупот. Кај пациентот се направени сите клиничко дијагностички следувања, повикан е конзилијарен очен лекар со оглед дека најизразени се изгорениците од трет степен на лицето, вели директорката на болницата, д-р Чабуковска.

Починатите три лица се од селото Ѓаково на возраст од 59, 42, и 40 години. Полицијата и јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата за да се утврди од кои причини настанал пожарот во фабриката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1