Очевидци за несреќата: Леташе ниско и без контрола


Очевидците на страотната хеликоптерска несреќа која се случи ноќеска во Струмица, велат дека хеликоптерот летал многу ниско и неконтолирано кружел околу антената во која на крајот се удрил. Еве ги сведоштвата кои ги пренесува Струмицанет.

10410416_800477003320325_3576677324881473541_n-Бев на 50-100 метри кога се случи падот на хелихоптерот, кај Млекара „ЈОКА“. Немаше светла и многу ниско леташе, како да бараше помош. Даваше знак дека нешто не е во ред со леталото. Позади висеше еден дел од хелихоптерот. И падна во нивите до Индустриската зона „Север“ кај Струмица, раскажува струмичанката С.К. за Радио СтрумицаНет.

-Хеликоптерот неколку минути неконтролирано кружеше над антената. Изгледаше како да има некаков проблем. Од мојот балкон убаво се гледаше. Дури потоа дојде до ударот во антената и падот на хеликоптерот, вели А.Т. за Струмицанет.

Д.Г., пак за Струмицанет раскажува дека претходно кај ресторанот „Македонска куќа“ на патот Струмица – Валандово, хелихоптерот многу ниско направил три круга и се упатил кон Струмица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1