Од 1 август парното поскапува


Од 1 август парното во Скопје поскапува за 5,96%. Пресметавме колку ќе се зголемат месечните и годишните сметки за станови од 45, 60 и 80 квадрати и дали парното останува поисплатливо од греењето на струја. Скопските домаќинства приклучени на најголемиот систем за централно греење од 1 август ќе плаќаат 5,96 проценти повисока цена за топлинска енергија. Според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), просечната месечна сметка за стан од 60 квадратни метри ќе порасне од 2.353 на 2.493 денари, односно за околу 140 денари месечно.

Но, зголемувањето не е исто за сите домаќинства. Ако се пресмета пропорционално според големината на станот, сопствениците на стан од 45 квадратни метри ќе плаќаат околу 105 денари повеќе месечно, односно приближно 1.260 денари повеќе годишно. Поскапувањето од 5,96 проценти се однесува на корисниците на системот што го сочинуваат ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство на топлина. За корисниците на ЕСМ Енергетика (железарско парно) цената ќе се зголеми за околу 5,18 проценти, а за корисниците на Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) за околу 3,6 проценти.

Новата цена е утврдена врз основа на прогнозите за движењето на цената на природниот гас до крајот на годината. Од РКЕ најавија дека, доколку гасот значително поскапи, можно е пред крајот на 2026 година повторно да се утврдува нова цена што би важела од јануари 2027 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1