Од 1 јануари нема веќе блокирање сметки без најава


Нема одложување на први јануари официјално стапува на сила новиот закон за извршување. Од новите правила корист ќе имаат доверителите , должниците но и самите извршители.banka

Со новите измени повеќе нема да може да се блокира сметката на должникот без претходно тој да биде известен дека има некаков долг. По предупредувањето извршителот треба да даде рок од три дена во кои должникот ќе има нова шанса да го плати долгот.

Ако и по опомената не одговори во тој случај извршителот ќе може да испрати налог до банката да се блокира сметката . Во исто време и должникот ќе добие известување, каде и колку должи. Извршителите нема повеќе да бидат мета на критики. Во првите девет месеци извршителите во земјава примиле над130 илјади барања за извршување . Реализирани се 28 отсто од нив. Вкупниот износот на наплата од извршување изнесува над 76 милиони евра, два милиони евра помалку од лани. Во моментов во земјава има над 100 извршители. Според комората оваа бројка е голема и не сите имаат работа. Новите измени во законот минимално ќе го намалат бројот на барања но тоа нема да затвори дел од канцелариите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1