Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули предвидено поскапување по кутија цигари за 3 денари. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.
Ова е последно зголемување на цените за 3 денари по кутија. Согласно планот, од наредната година цигарите ќе поскапуваат по 4 денари годишно.
Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, кои се очекува да надминат 2,5 евра по кутија.