Од 1 ноември регистрација на фирма само преку агент и електронски


Нема веќе самостојно регистрирање на фирма во трговскиот регистер на Централниот регистар.

Од 1 ноември, основање на фирма, нејзино бришење или извршени промени во Централниот регистар, ќе се врши само преку регистрациони агенти и исклучиво електронски.dokumenti

Ова го предвидуваат измените во законите за трговски друштва и за едношалтерски систем и за водењето на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица кои стапуваат во сила наредниот месец.

Централниот регистар располага со 12 регистрациони и регионални канцеларии во кои се поднесуваат документите за уписи (на промени, на бришења). Досега се регистрирани 40 регистрациони агенти во 44 града, а 750 адвокати веќе се обучуваат за регистрациони агенти.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1