Од 1 септември учениците се враќаат во училишните клупи


МОН е подготвено за три сценарија, во зависност од епидемиолошкта слика со Ковид 19. Доколку евентуално здравствените власти препорачаат, децата ќе следат настава од дома.

„Доколку Комисија утврди дека треба да менуваме, ќе го смениме. Така да нема потреба од ширење паника и неточни информации зашто МОН и Министерството за здравство дневно ја следат состојбата и доколку добиеме препорака за промена, во истиот момент ќе бидеме спремни да промениме се што ќе ни биде кажано.“ изјави Мила Царовска, министер за образование

Враќањето во училишните клупи го поздравија и од УНИЦЕФ. Оттаму велат дека најдобро за учениците е училиштата да останат отворени што е можно подолго.

„Планот е да почнеме со 100 отсто ученици да се вратат во училишните клупи, а понатаму ќе видиме./ Она што е најдобро за заедницата е најдобро и за училиштата. Мерките што важат за сите, треба да важат и за училиштата. Треба да се трудиме вирусот да биде настрана од цела заедница, не само од училиштата. “ истакна Патриција Ди Џовани, Претставничката на УНИЦЕФ во земјава

Инаку 4то одделениците годинава ќе учат и од дигитални учебници, Царовска не очекува повторно родителите да пружат отпор против дигитализацијата.

„Учебниците од 4то ќе бидат дигитални, ќе има и печатени учебници кои ќе се дистрибуирани во одреден процент, за тие ученици кои немаат можност немаа струја ќе има печатени учебници, за останати во моментов се диструбираат таблети. /Ако сите заедно имаме една цел, квалитетно образование за силни ученици и граѓани, тогаш сите треба да застанеме зад дигитални учебници.“ изјави Мила Царовска, министер за образование

60% од наставниот кадар е вакциниран, Царовска очекува процентот да биде поголем до стартот на учебната година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1