Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје.
Како што информираа од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3, Студеничани-2, Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.