За две години умреа 23 од 25-те специјалци кои беа вмешани во убиството на Осама Бин Ладен. Проклетство, случајност или атентат?
Од страна на семејствата на припадниците на морнаричките фоки се упатени обвиненија кон Белата куќа дека тие се жртви на атентат и дека се прикрива вистината.
Две години по смртта на Бин Ладен, од 25-те припадници на елитната единица кои учествуваа во акцијата, загинале дури 23 во различни несреќи. Живи се само уште двајца.
Само три месеца по акцијата животот го загубија 17 припадници на оваа елитна единица во хеликоптерска несреќа во Авганистан. Семејствата на жртвите тврдат дека за нивната смрт одговорен е Вашингтон затоа што талибанците на време добиле детални информации за летот кои им биле потребни за уривање на леталото.
Во неколку инциденти кои потоа следувале загинале уште шест други припадници на елитната „Тим сикс“.