Состојбата на сите пациенти е стабилна, непроменета. стабилна е и состојбата на пaциентката на респираторна машина – изјави на денешниот прес министерот за здравство Венко Филипче.
– До денеска до 12 часот има вкупно 26 заболени пациенти. Утрово се тестирани десет. позитивни се и тестовите на тројцата кои вчера се тестирале во Жан Митрев и денска во ИЈЗ направени се контролни препроверки кои го потврдиле резултатот. Тоа се пациенти од Скопје, еден кој имал симптоми една недела и чии контакти се мапирани. Се тестираат членовите на нивните семејство.
Потоа фамилија на сопружници кои патувале.
Првиот е сместен на инфективно, сопружниците се на домашно лекување а денеска ќе бидат префлени на инфективната клиника
Патничката која дошла од Холандија – се интервјуираат сопатниците од авионот кој слетал од Виена (контактирани се и во австриската амбасада).
Од 26-те пациетни 17 се е во Скопје а 9 во Дебар.