Од 39 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија годинава, 37 се мажи!


За 11 месеци 39 регистрирани случаи на ХИВ/СИДА. Од нив 16 се болни а 23-ца носители на вирусот. Според податоците од ИЈЗ, дури 37 се мажи а само две се од женски пол. Годинава имало и три смртни случаи од СИДА. Според местото на живеење,  од Скопје се 20 лица, Свети Николе 2, Куманово 3, Тетово 1, Струмица 1, Штип 3, Кочани 4 лица, Кавадарци 2, Прилеп 2 лице и 1 лице е странец, пишува Здравство24.

hiv sida

Податоците покажуваат дека од годинашните случаи, две се млади на возраст од 10-19 години, четворица имаат над 60 години. Во групата од 20-29 години има 16 лица а од 30-39 -14 и од 40-49 години се три лица.

Алармантно е што 25 од новите случаи се заразиле при сексуален контакт на маж со маж(МСМ), 10 со хетеросексуален начин на пренос, едно лице кое инјектира дрога и тројца со непознат начин на трансмисија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1