Александра Настеска е номинирана за топ 25 имигранти во Канада. Настевска е активист за зачувување на животната средина и е првата Македонка да биде номинирана за оваа престижна награда. Оваа нагдра се доделува на 25 канадски имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество.
ОМД ги охрабрува сите Македонци во Канада да гласаат за Александра. Ве молиме кликнете ТУКА за да го дадете својот глас за Александра.
Александра Настеска е родена во Скопје каде што прв пат се активирала во движењето за правата на жените преку учества во јавни панели на ОН за статусот на жените во Македонија и на Балканот. Таа живее во Канада веќе осум години и има работено во канадската јавна адмиснистрација и невладиниот сектор. На дваесет и девет години Настеска е основач на кампањата за канадско лидерство “Ние од Канада” која прерасна во меѓународно признато движење за мобилизација за време на Рио+20 конференцијана Обединетите нации.