Од Александар Македонски на скопскиот плоштад веќе нема да се слуша музика, а светлосните ефекти и натаму ќе ги осветлуваат споменикот и фонтаната, објави „Независен“.
Ова е одлука на градоначалникот Петре Шилегов, а по барање на жителите од околните згради. Група граѓани се жалеле дека музиката која „излегувала“ од споменикот им пречела, особено во вечерните часови.