Од антибеби пилули ,,Микрогинон,, имала 7 срцеви удари (Фото)


 Сега 22 годишната Alyce Clark, на 19 години доживеала 7 срцеви удари поради тоа што еден месец користела анти беби пилули Microgynon 30.

според лекарите таблетите и создале стотина крвни згрутчувања. Таа дури и престанала да дише па била реанимирана од итната помош

Microgynon 30 се производство на фармацевстката компанија Bayer, и се едни од најпопуларните во Британија, а се користат и кај нас.

Како што пишува Daily mail и останатите светски медиуми овие апчиња не смеат да ги пијат девојки кои имаат медицинска состојба со згрутчување на крвта, а и кај оние кои никогаш немале вакви здраствени проблеми сепак се јавува згрутчување предизвикано од апчињата.

Од Баер признале дека ова се случува и велат го испитуваат а и навеле на самото упатство за употреба за овој ризик.

Во случајот на Алис се создале толку многу згрутчувања што дури и лекарите биле песимисти дека таа ќе преживее и им рекле на родителите да се простат од неа.

Таа имала згрутчувања во белите дробови и во неколку витални органи. Згрутчувањата дошле до срцето и таа доживеала срцев удар.

Паднала по скалите, крварела од устата и носот и нејзините родители веднаш повикале брза помош. следеле уште неколку срцеви удари додека лекарите да успеат да ја стабилизираат.

Докторите изјавиле дека доколку била постара од 25 години овие апчиња со состојбата која и ја предизвикале би и го оштетиле мозокот до крајот на животот.

Со оглед на фактот дека имала 19 години мозокот успеал да се одбрани и таа да се опорави.

Сега има 22 години и дури сега по 4 годишно испитување се утврдило со сигурност дека нејзината состојба е предизвикана од контрацепсиските пилули.

Алис не пуши, не пие, спортист е и се занимава со јавање коњи. Немала други проблеми со здравјето а не ни била свесна дека има тенденција за згрутчување на крвта.

По долги години истражување научниците открија дека од 100 илјади жени кои користат анти беби апчиња 15 добиваат згрутчување на крвта. Во најголемиот број случаи тоа е до таа мера што е опасно по живот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1