Од бемка до рак: Како да ги воочите промените?


Промените на бемките кои честопати изгледаат сосема безопасно, не ретко може да доведат до рак на кожата. Според истражувањата во последните неколку години стапката на смртност од овој вид  рак загрижувачки се зголемува, а најчестата причина поради која умираат голем број пациенти е фактот што немало навремено дијагностицирање на  болеста.

bemka1-300x171Кожниот карцином почесто се јавува кај лица што имале во своето блиско семејство болен од кожен карцином и самите тие се со бенки на кожата. Според статистиките, почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Сончевите ултравиолетови зраци се главен фактор на ризик за појава на кожен карцином. Најчесто ракот на кожата се јавува на региите што се изложени на сонце или на други извори на ултравиолетово зрачење. Изложувањето на сонце се смета дека е главен фактор за појава на кожниот карцином.
Од голема важност за рано откривање на ракот на кожата е самопрегледот. Тој треба да се изведува еднаш месечно.

Промените на бемките понекогаш може да бидат мошне очигледни, а друг пат сосема банални, па токму затоа е потребно редовно да го прегледувате своето тело.

-Меланомот најчесто се препознава по ненадејната промена на пигментацијата во самиот младеж или во промена на рабовите, зголемувањето на младежот, негово испакнување. Некогаш се појавува и чешање во самиот младеж како и крвавење, но често се случува промените да се сосема банални.

Како да спроведете самопреглед – прочитајте на Бабин Лек.ком

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1