Од богатството на зетот на Трамп ќе ви се сврти во главата


Иако е најчесто во сенка на живописното семејство Трамп, сопругот на Иванка Трамп, Џаред Кушнер, е мошне интересен лик. Имајќи предвид дека сега е официјален член на Белата куќа, обврзан е да ја пополни имотната картичка, која, пак, е документ што јавно се објавува.

Според неговата имотна картичка, тој и сопругата заедно поседуваат богатство од дури 740 милиони долари. Поголемиот дел од богатство го заработиле на недвижности.

Кушнер е син на градежниот могул Чарлс Кушнер, кој во еден момент поседувал 2.500 станови низ североистокот на земјата. Богатството на семејството Кушнер, кое освен Џаред и Чарлс го сочинуваат уште мајката Серил и братот Џош, „Форбс“ го проценува на барем 1,8 милијарди долари. Најголем дел од тоа богатство го сочинуваат недвижностите (околу 1,5 милијарди), додека остатокот го прават готовината и инвестициите.

Освен што улогата на Кушнер во Белата куќа на јавноста ѝ даде повеќе податоци за неговото богатство, се дозна повеќе и за начинот на кој го троши. На почетокот на годината тој висок советник во Белата куќа бил казнет, бидејќи не пријавил една финансиска трансакција навреме.

Џаред Кушнер и Иванка поседуваат колекција уметнички дела вредна 25 милиони долари, а поради работата во Белата куќа, годинава купија и куќа во Вашингтон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1