Од денес дожд- еве какво време не очекува викендов


Од денес до недела ќе има дестабилизација на времето со услови за повремени локални врнежи. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи се очекуваат попладне во западните делови од земјата.ulica dozd 3 mk

Поради изразено јужно струење денеска во ноќните часови се очекува да има поинтензивен пренос на прав од Сахара.

Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови, додека во недела се очекува посвежо време со дневна температура пониска за околу 10 степени во однос на денешните. Врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.

Управата за хидрометеролошки работи за во понеделник најавува стабилизирање на времето, а од вторник и зголемување на температурата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1