Од денес казни ако немате зимска опрема


Од денес стартува обавезното носење на зимска опрема во возилата.

Полицијата ќе ги казнува сите кои ќе ги затекне без ланци за гумите и останата опрема. Казната е 15 евра.

Под зимска опрема се подразибраат зимски пневматици на сите 4 тркала или пак соодветни синџири за движење во зимски услови. За товарните возила, покрај зимските пневматици задолжителни се и синџирите но и лопата за снег.

Освен што ќе си платите 15 евра, полицаецот има право да ви забрани и да возите доколку ве затекне без опрема.

ова важи од 15 ноември, па се до 15 март в година

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1