Авиокомпанијата „Алиталиа“, ја воведува новата директна линија на релацијата Скопје-Рим. Летовите ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони Ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред, со 30 повратни летови Рим–Скопје-Рим, а од јуни ќе биде воспоставен целосен распоред со секојдневно летање.
-Со ова ново директно поврзување за Рим, Алиталиа има цел да се зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат на зголемената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопштиле од претставништвото на „Алиталиа“ од Белград.
Во мај ќе има редуциран распоред со 30 повратни лета Рим – Скопје – Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.
Цената на билетот за Рим е 99 евра, а за која било дестинација во Европа со „Алиталија“ цената на авио билетите е до 199 евра.
“ВАС туроператор” од Скопје е генерален агент за територијата на Македонија на „Алиталија“ , кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.