Од денеска газдитe електронски ќе пријавуваат прекувремена, ноќна и работа на празници


Од денеска работодавачите пријавите за прекувремена работа, ноќна смена и работа на државни празници за работниците можат да ги доставуваат до Државниот испекторат за труд и по електронски пат

E-mail адресата за пријава е [email protected].

kompj– Ова подразбираше сложена административна процедура и трошоци за компаниите, поради што одлучивме да воспоставиме електронски ситем за пријава. На посочената адреса ќе можат да се испраќаат унифицирани пријави, кои работодавачите ќе можат да ги најдат на интернет страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Државниот инспекторат за труд. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

И при електронското пријавување, како и при пријавувањето преку писмена изјава, работодавачите треба да ги запазат предвидените рокови во Законот за работни односи.

Претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати Живко Митревски и Мирјана Андреска сметаат дека на ваков начин ќе се обезбеди зголемување на вредноста на трудот на работникот, но и ќе обезбеди поголема транспарентност и контрола на остварувањето на правата на работниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1