Јавното претпријатие „Градски паркинг“ денеска ќе ги претстави електромобилите и електровелосипедите на пунктот за изнајмување на овие возила на плоштадот „Македонија“.
Цената за едно возење е 50 денари.
Електромобилите ќе имаат шофер кој, покрај тоа што ќе вози, ќе биде обучен и како туристички водич, односно ќе ги објаснува знаменитостите на градот. Ќе има опција и оние што ќе ги изнајмат, самите да ги возат”, рече Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски паркинг”, кога ги најави електромобилите.
Во електромобилите ќе има можност да се возат четворица.
Тие работат на струја, односно во нив се вградени батерии кои се полнат со електрична енергија. На Плоштадот ќе биде направен и пункт за изнајмување, но и станица за полнење на возилата. Откако ќе се наполни, возилото ќе може да помине 100 километри.
Ќе можат да се изнајмуваат секој ден од 10 до 23 часот.