Од детска болница во дувло на проституција и наркомани


Искрешени прозорци и врати, расфрлана постелнина, делови од облека, смет. Шишиња од алкохолни пијалоци и шприцеви расфрлани околу комплексот –Вака изгледа јавната здравствена установа која опстојуваше половина век

Некогашната специјална детска болница со години е дувло на проституција и наркомани. Искрешени прозорци и врати, расфрлана постелнина, делови од облека, смет. Шишиња од алкохолни пијалоци и шприцеви расфрлани околу комплексот  –Вака изгледа јавната здравствена установа која опстојуваше половина век а која пред шест години беше затворена поради милионските загуби, пишува АлфаТВ. Screenshot_23

За да не скапува повеќе овој објект, ќе се гради хотел на исклучително атрактивната крајезерска локација, со површина од 10.000 метри квадратни. До сега интерес покажале инвеститори од Русија, Украина и Катар.
„Беа заинтересирани за купување на тоа земјиште, се со цел изградба на луксузни хотелски комплекси.И од тие причини според пројавениот интерес на потенцијалните инвеститори, министерството  за транспорт  и врски веќе подготвува тендерска документација за продажба на тоа земјиште“, изјави Никола Бакрачески,градоначалник на Охрид.
Локацијата е погодна за изградба на хотел од групацијата small luxury hotels,каков што ќе се гради и на јужниот дел од комплексот Горица каде веќе започнаа и подготвителните градежни активности. Бракрачески најави изградба и на уште два други хотели во близина на градежната компанија „Трудбеник“ и пред Спортскиот центар „Атина Бојаџи“, на само стотитина метри од езерскиот кеј.
„Сметам дека со овие четири хотели значително ќе се подобри понудата на Охрид во делот на луксузно сместување, ќе се добие еден нов импулс во хотелското сместување на градот Охрид“, додаде Бакрачески.
Според предвиденото, овие два хотели ќе почнат да се градат во текот на идната година, штом заврши постапката за добивање на одобрение за градба.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1