Од кога на Балканот поплави, торнада, азиски стршлени и будење на вулкани?


Во последно време во Србија се случија толку многу незапамптени природни катастрофи што оправдано се поставува прашањето колку од нив се „природни“, а колку се можеби производ на свесна човечка намера?

Без оглед дали климатското оружје навистина постои или не останува фактот дека сплетот на необичните околности никого не може да го остави рамнодушен. Затоа да погледнеме некокои од најновие чуда кои ја зафатија Србија и нејзината околина. По поплавите кои на овие простори по зборовите на експертите не ги имало во последните 1000 години, најчесто на тие исти подрачја сега се случуваат невидиени торнада. Најпрво на подрачјето Лазаревац, кое неодамна настрада од водената стихија, се случи вистинско торнадо кое буквално ги крена натоварените камиони, како и крововите од куќите и бандерите.

Tornado1-copy-670x447

Потоа се случи истото во Свиљанци, место кое претходно исто така беше поплавено.

Во исто време на подрачјето низ цела Репблика Српска се случи да помине  џиновски облак долг три километри кој покрај ветереот каков што не се памети во ова место создаде и неверојатен град со големина на тениски топки кои уништи 15 далеководи и предизвика престанок на струја во половина Република, а уби и голем број на домашни животни врз кои паѓаше.

Но и тука не е крајот на необичните појави. Неодамна кај Куршумиља се појавија непознат вид на огромни црни скакулци кои подеднакво ги напаѓаат и јада и луѓето и животните, а кои се движат во рој долг и неколку сторина метри. На експертите не им е познато за каков вид на инсекти се работи, ниту од каде доаѓаат ниту со што се хранат.

Потоа следеа и азиските стршлени во Словенија кои претставуваат голема закана за човековите животи, а кај нас во Охрид се активираше вулкано Дувало, нешто што ги запрепасти охридските пожарникари, со оглед на тоа што во кариерата досега си имале работа со секакви пожари, но не и со вулкан.

Сето ова кај многумина буди сомнеж дека овие појави се предизвикани или потпомогнати од човечка рака, поготово кога станува збор за облаците и силните ветришта кои поредизвикаат обилни врнежи на дожт и торнада.

Иако до сега никој не го докажал постоењето на климатското оружје, чиј творец е Никола Тесла, сепак останува фактот дека некои негови замиски веќе нашле воена примена, со оглед на тоа што пред неколку години американскиот печат го потврди почетокот на изработката на електромагнетниот топ кој во суштина работи по принципот на изумот на Никола Тесла.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1