Почина музичарот и фронтмен на групата „Балканика“, Александар Сања Илиќ на 70-годишна возраст поради компликации предизвикани од ковид 19.
Илиќ е роден е во 1951. година во Белград, негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат му е композиторот Драган Илиќ, кој е член во „Генерација 5“.
Кога имал 12 или 13 години напишал музика на текст на Душко радовиќ која ја изведувал Драган Лаковиќ. Кога имал 16 години со „Песник мира“ во изведба на Лола Новаковиќ се обидел да замине на Евровизија. Веќе во 1976 неговата композиција „Бај, бај, бај“ ја отпеала Бисера Велетанлиќ на истото натпреварување.
Во својата плодна кариера, Илиќ има напишано околу илјада песни кои ги исполниле познати пејачки имиња како Здравко Чолиќ, Маја Оџаклиевска, Даворин Поповиќ, Габи Нивак, Зденка Ковачичек, Дадо Топиќ… Тој е автор на музиката на повеќе театарски престави, филмови и ТВ-серии меѓу кои и познатата „Село гори, баба се чешла“. Автор е и на химната на познатиот белградски фудбалкси клуб Црвена звезда.