Од костени заработија и по 5.000 евра


Рекорден род, голем интерес за откуп и полни џебови со пари е најкусиот приказ за костенопроизвоството во Дебарско годинава. Дебарското подрачје има околу 280 хектари насади со костен од каде што повеќе од 250 семејства собраа над 400 тони.

kosteni2

Kостенот најмногу го има во пограничните села Kоњаре, Бомово, Селокуќи, Џепиште, Отишани, како и во селото Горенци во општина Центар Жупа. По својот квалитет е познат и костенот од долнореканското село Скудриње. на големо костенот се откупуваше по 50 денари – вели Лири Делиши, началник на Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар,  пишува Дневник.

Производителите заработија од 1.000 до 5.000 евра. А интересот за откуп, кој беше пројавен пред бербата, ги натера и оние што никогаш или ретко ги береле, сега да го соберат родот до последен костен.

kosteni– Нашата фамилија има костенови градини во Бомово, кои припаѓаат на татко ми и на чичко ми. Татко ми е починат, а брат ми со семејството е во САД каде што е и чичко ми со целото семејство. Тие ми рекоа дека може да ги берам костените. Искрено, досега поради неорганизираниот откуп и ниската цена со семејството, собиравме само колку да имаме дома и да им дадеме на пријатели. Годинава јас, сопругот, двата сина и снаите максимално се ангажиравме, но ни се исплати. Заработивме 5.000 евра – вели дебранка, која не сакаше да биде објавен нејзиниот идентитет.

Семејствата на браќата Атли и Дилавер Дема, и двајцата невработени, годинава се опарија со по две, односно три илјади евра.

Нашите костени, како што велат тие, се пласираат во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Романија… Дебарскиот костен е познат и признат по својот квалитет.
Kостеновите насади во овој регион се автохтони и се прошируваат по природен пат.

Повеќе на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1