Ова се сонцињата што изгореа во пожарот – мајката била во град со дечко и ги заклучила


Трагедијата во Голема Кришна ја шокираше цела Србија . Поради небрежност на мајката Мирела Микулчиќ ( 29 ) , која ги заклучила трите мали дечиња и заминала во град – загинаа  Ненад четири, три годишниот Димитрије и две годишната Маја . Дечињата починаа во страшна агонија – ги проголта оганот додека биле заклучени и не ни можеле да побараат спас.
Во времето на пожарот мајката била на журка со момче од селото, а според нејзините родители а и селаните таа многу често го правела тоа. Ги занемарувала децата и со часови ги оставала заклучени. Соседите кога ќе виделе дека пак се сами им тропале на прозорецот па кога најстарото ќе го отворел им додавале храна и вода.
dete-nenad-dete-dimitrije-dete-maja-1387402860-414451
Девојката останала бремена со оженет маж во исто време кога и неговата сопруга била бремена. Но откако се родил Ненад таа не престанала да се гледа со мажот и му родила уште две деца.
POZAR deca
Кобната вечер се запалил застарениот шпорет Смедеревац кои го користеле во трошната куќа за да се загреат. Соседот Зоран Миличевиќ , прв го забележал чадот. Притрчал да помогне но вратата била заклучена. Кога успеал да ја обие пламенто веќе се бил рачирил и го исфрлил надвор.
„ Се би дал да се дечињата, ангелчињата сега живи“ вели низ солзи Зоран. Неутешни се и бабата и дедото, родителите на Мирела кои велат често се јавувале во социјалното и пријавувале дека нивната ќерка не се грижи за дечињата, а тоа го правеле и соседите, но никој не реагирал.
– Малите деца се повеќе беа сами и гладни, отколку што беа со нивната мајка. Точно, нејзините родители и баба повремено ќе дојде во посета но тие дечиња беа оставени сами на себе, вели првиот сосед кој исто така пријавувал во социјално.

Мајка Мирела во средата е отпуштена од болница каде што беше поради шокот што го доживеа.  Што ќе се случи со неа ќе се знае по завршувањето на истрагата на обвинителот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1