Од Ковид-19 почина диџеј Ицко од „Антена 5“


Ристо Меловски (48), уште познат и како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ почина од Ковид-19, а утринава од него на социјалните мрежи се збогуваат неговите пријатели. Тој беше сопруг и татко на две деца.

Тој првите симптоми на вирусот ги добил на 3-ти јуни и од тогаш започнала битката за живот. Зад себе остави сопруга, две деца, Матеј и Јована. Пред 11 дена Матеј славеше полнолетство.

Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе од 15 години. Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика.

Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македонија. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1