Од крајот на јуни по швајцарски визи во Косово!


visa

Македонските граѓани кои сакаат да аплицираат за швајцарски визи, наместо во Скопје како досега, од крајот на јуни тоа ќе мораат да го направат во Приштина, од каде веќе е покриена и Тирана.

Конзуларниот оддел на Швајцарската амбасада во Македонија се затвора поради драстично намалениот обем на работа. Швајцарија е во Шенген-зоната и не се потребни визи патување во оваа земја, па одделот работел со намален интензитет, бидејќи побарувањата се единствено од дијаспората, за иселенички визи. Дипломатскиот оддел и понатаму ќе функционира, објаснија од Швајцарската амбасада за ВЕЧЕР.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1