Од Љубанци до Шевенинген и назад – Комитата Јохан повторно ќе навива за својот тим


Комитата Јохан, стана локален херој како водач на навивачката група на Вардар. Низ победите и поразите на својот омилен тим, момчето од Љубанци по осум години пак ќе да ги предводи фановите на најголемото македонско дерби, она со битолски Пелистер в недела. 

johan so znameНа прагот на третата деценија од животот, кога очекуваше животот да го исправи на нормален колосек, тогаш како инспектор во придружбата на претседателот Трајковски, се соочува со најголемиот предизвик во кариерата.
На одговорна задача во тешките мигови за Македонија, притиснат од близината на фронтот до своето родно Љубанци, Тарчуловски заминува да ги брани своите соселани.
Влезот во Љуботен и операцијата што ја предводи му носи обвинителен акт од Хашкиот Трибунал во кој на товар му се става повреда на законите и обичаите на војување.
Тој и Бошкоски се единствените двајца учесници во конфликтот кој треба да ја преземат обврската, на нивните плеќи да натежне целата одговорност за случувањата во 2001.
Откако Бошкоски добива ослободителна пресуда а во Македонија со Законот за амнестија се простуваат злоделата на бунтовнците, Тарчуловски останува сам, прв и последен партиципиент во воениот конфликт кој се соочува со казна. Осуден е на 12 години. Откако минуваат 2/3 од казната, поради добро владеење, тој предвреме е пуштен на слобода.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1