Ај нека им побегне некој: Полицијата во Дубаи патролира во ламборџини (Фото)


Полицијата во Дубаи во својот патролен возен парк вклучи ексклузивен екстравагантен модел „ламборџини” кој чини 550 илјади американски долари, за да придонесе на луксузниот имиџ на Обединетите Арапски Емирати.

babf5c1b-528e-4354-ac41-1ac14397163cОва „патролно возило” со полициски ознаки ќе патролира во туристичките зони околу Бурџ Калифа, највисокиот облакодер во светот и луксузното одморалиште Џумерија, соопшти во четвртокот полицијата.

Супермоќното вонсериско возило на италијанскиот конструктор со ознака „Lamborghini Aventador LP 700-4“   во зелено-бела боја нема да биде наменето за потери по оние што возат пребрзо.

Полицијата го претстави во рамките на настојувањата да се прикаже финансиското закрепнување на Дубаи кој кон крајот на 2008 година доживеа економска криза.

Инаку возниот парк на полицијата во Обединетите Арапски Емирати е составен од силни германски автомобили и јапонски теренци

Izvor – Makfax

babf5c1b-528e-4354-ac41-1ac14397163c

94d98254-219c-433b-bc13-dc3e20e2e01a

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1