Од март евтини авио-летови од Скопје до Берлин, Братислава и Копенхаген


Се зголемува бројката на евтини авио летови од европските дестинации.

Нови три директни авио линии од Скопје до Берлин, Братислава и Копенхаген стартуваат кон крајот на месец март.avion

-Евтините авио летови кои што ги воведе и финансиски ги поддржува Владата се од големо значење и за домашната економија и за македонските граѓани. Од една страна преку нив голем број на странски туристи доаѓаат во Република Македонија и на тој начин обезбедуваат девизен прилив пред се во домашната економија, но пред се областа на туризмот но и во околу 20-на други стопански гранки кои што се во директна или индиректна корелација со туризмот. Од друга страна за нас како Влада многу битно обезбедуваат поголеми можности и поголема мобилност за македонските граѓани да патуваат низ Европа по поевтини цени и на тој начин да ги реализираат своите потреби, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на Република Македонија.

Со ова листата на евтини директни авио линии од Скопје до светските центри од 20 се зголемува на 23 дестинации кои сега се достапни како за македонските граѓани така и за странските туристи за значително поевтини цени.

Споредбено, имајќи ги во предвид и времето на купување на картата и сезоната во која се реализира патувањето, фактот дали се патува со дополнителен багаж или не, цените на билетите за евтините авио летови се во просек поевтини од два до четири ипол пати компарирано со цената на билетите на редовните стандардни авио летови.

Ориентационо, со можност за мала варијација, повратниот билет од Скопје до Барселона во просек чини околу 90 евра со евтините летови, додека пак билет на редовен лет до оваа дестинација варира од 200 до 481 евро во зависност од компанијата со која се лета.

Скопје – Базел – Скопје во просек изнесува помеѓу 85 и 90 евра со евтините летови, а со редовните картата се движи од 211 до 465 евра.

До Брисел и назад со летовите кои ги субвенционира владата се лета за 90 до 100 евра, а редовните летови во зависност од компанијата изнесуваат од 210 до 278 евра.

Повратниот лет од Скопје до Франкфурт изнесува помеѓу 45 – 70 евра додека пак со редовните линии чини околу 230.

Придобивките од овој проект се видливи од повеќе аспекти, односно со воведувањето на овие евтини авио линии директно се овозможи зголемување на мобилноста за граѓаните на Македонија. Сега нашите граѓани можат по евтини цени да патуваат во повеќе дестинации, во функција на развој на својот бизнис и остварување на контакти со нивни бизнис партнери од останатите држави, во функција на реализација на своите потреби од областа на образованието што е од особена важност посебно за младите а се разбира и од аспект на туризмот и туристичките посети на нашите граѓани во овие држави.

Истовремено преку овие евтини авио линии се овозможи дополнителен значителен раст и зголемување на бројот на странските туристи во нашата држава, пред се од државите од кои се воведени овие летови. Тоа претставува исклучително значаен момент како од аспект на развојот на туризмот така и од аспект домашната економија односно бенефит за околу 20 стопански гранки кои директно или индиректно се поврзани со туризмот.

Свесни за големиот број на придобивки од овој проект Владата склучи нов четиригодишен договор со компанијата Виз Ер, со кој што финансиски се подржуваат овие евтини авио линии за што од буџетот ќе бидат издвоени околу 5 милиони евра.

Преку досега воведените 20 евтини авио летови заклучно со 20 февруари беа искористени околу 2 милиони билети, при што само во периодот јануари – февруари 2016 година се превезени околу 100 000 патници.

Во моментов од Скопје со евтини авио летови може да се патува до 20 европски дестинации меѓу кои и до Келн, Дортмунд, Ајндховен, Гетеборг, Милано, Париз, Венеција, Стокхолм и други

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1