Три нови евтини авионски летови ќе стартува Визер од март. Два пати неделно унгарскиот нискобуџетен авиопревозник ќе лета од Скопје до европските метрополи Берлин, Братислава и Копенхаген. Продажбата на билети е веќе во тек. До Братислава и обратно ќе се лета секој понеделник и петок.
Промотивната цена е 899 денари, а потоа билетите ќе чинат од 1.799 денари, па нагоре. Летовите до Берлин ќе стартуваат од 21-ви март. Само за овој лет цената е 1199 денари, а потоа секој вторник и сабота цените почнуваат од 1.499 денари, па нагоре. До Копенхаген ќе се лета секоја среда и недела, а најевтиниот билет во овој правец чини 899 денари.
Визер одбележа превоз на два милиони патници со нискобуџетните летови од Аеродромите во Скопје и Охрид. Лани авиосообраќајот рушеше рекорди. Биле превезени 1.560.381 патник што е за 22% повеќе од 2014-та, додека бројот на летови бил зголемен за 11отсто.
Освен што го поттикна туризмот и придонесе за развој на авиосообраќајот во земјава, Визер вработува 75 лица. Компанијата од аеродромите од Скопје и Охрид лета кон 24 европски дестинации.