Министерството за финансии, МТСП, ПИОМ и пензионерите ги усогласија пресметките за зголемување на пензиите. Од март на пензионерите ќе им бидат исплатени пензии повисоки за 600 денари
Претседателот на Сојузот на пензионери истакна дека усогласувањето е значајна работа за пензионерите.
-Самото зголемување на пензиите значи подобрување на стандардот на пензионерите и овозможува тие да имаат достоинствена старост. Покрај зголемувањето на пензиите, ги имаме и низата мерки за подобар живот, како бесплатно бањско-климатско рекреирање, бесплатен превоз и бесплатно болничко лекување, посочи Драги Аргировски.
-Просечната пензија е зголемена за 62%, ако се земе предвид дека во 2006 година просечната пензија изнесувала 7.683 денари, а во март годинава 12.445 денари. Во наведениот период, најниската пензија е зголемена за 76%, а највисоката за 30,43%, нагласи Министерот Диме Спасов.