Од неа почна да се шири пандемијата: Жена од Кина е нултиот пациент, а ова е нејзината приказна (ВИДЕО)


„Секоја година заболувам од грип, така што помислив дека повторно е грип“, рече Веи за шангајскиот весник.

Според пишувањето на Дејли мејл првото лице кај кое е утврдена зараза со ковид -19, врз основа на увидот во доверли документи до кои дошле медиумите, е 57-годишната Веи Гуишиан, продавачка на свежи шкампи на пазарот Хуанан во Вухан, Кина. Таа најверојатно е извор на пандемијата со коронавирусот, заклучува британскиот весник.

Кинеските медиуми наведуваат дека Веи живеела во изнајмен стан кој од пазарот е оддалечен помалку од 500 метри, а температура добила на 11. декември минатата година. Мислејќи дека е сезонски грип Веи, по совет на лекар отишла во малата блиска клиника полна со пациенти.

Инјекциите кои ги примила не и помогнале.
Кинескиот весник не го откри идентитетот на продавачката, меѓутоа Волстрит Џурнал објави за кого станува збор.
Веи, за која се верува дека го преболела ковид -19, болеста предизвикана од коронавирусот САР-КоВ-2, опишувајќи ги симптомите кои ги имала, вели дека била уморна, но не како претходните години.

„Секоја година заболувам од грип, така што помислив дека повторно е грип“, рече Веи за шангајскиот весник.

Веи изјави дека работела на пазарот во времето додека била болна. Таа подоцна отишла во болница во Вухан на преглед кај друг лекар.

„Лекарот во 11. болница не можеше да сфати што е во прашање и ми даде лекови“, рече Веи и додаде дека не и било подобро ниту од тие лекови.

Се вратила во клиниката во која прво е прегледана, и добила засилена доза инјекции.

„Се чувствував уште полошо, малаксано, без сила“, рече таа.

Веи на 16. декември отишла во една од најголемите болници во Вухан за да ја утврди причината за болеста. Лекарот во болницата и рекол дека болеста од која боледува е „немилосрдна“ и дека примиле повеќе пациенти, кои биле на пазарот Хуанан, со слични симптоми.

„Тогаш многу луѓе имаше во болницата“, рече Веи.

Според изјавата на Советот за јавно здравје на градот Вухан, објавена на 31. декември минатата година, Веи е една од првите 27 пациенти на кои им е дијагностициран Ковид- 19. Меѓу тие 27 пациенти, 24 биле поврзани со пазарот на кој се продаваат домашни и диви животни. Во изјавата е кажано дека не се пронајдени докази дека ковид-19 се пренесува од човек на човек.

Иако Веи е првата личност од пазарот Хуанан кај која е утврдена заразата со коронавирусот, како прв пациент се наведува 70-годишен пензионер прикован за кревет. Овој човек симптомите ги почувствувал на први декември, а претходно не бил во контакт со пазарот од каде почна да се шири смртоносниот вирус.

Еден друг кинески весник, меѓутоа пишува дека доверливи владини информации покажуваат дека на 17. ноември идентификувана е првата личност кај која е дијагностициран ковид-19. Седум недели после тоа кинеските официјални лица објавија дека откриле нов вирус. Карантинот е воведен во одредени градови дури два месеци откако е препознаен првиот пациент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1