Од недела промена на времето- заладување, дожд и ветер


Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).ulica dozd 3 mk

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во останатите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.

Дневната температура ќе биде пониска за околу шест до седум степени во однос на денешната и ќе се движи од 24 до 30 степени, а слични температури се очекуваат и во текот на целата недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1