Од недела возете внимателно по Илинденска


На булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември во насока на движење кон улица МАНАПО во близина на трговскиот центар Сити мол, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа. На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација – велат од Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булеварот Илинден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1