Од непозната болест починаа повеќе од 100 деца


Повеќе од 100 деца починаа од непозната болест, најверојатно инфективна, која се појавила во јужниот дел на Бенин, држава во западна Африка, објавија локалните медиуми.

inekcija penisЕкспертите засега немаат информации за потеклото на инфекцијата, ниту за размерите на епидемија. Првите случаи на оваа неидентификувана болест регистритани се пред еден месец. Од тогаш починаа повеќе од 100 лица на возраст од 4 до 20 години, објави дневникот „Матинал“, чие седиште е во Котон, главниот град на Бенин.

Според моментално достапните информации, болеста се шири многу брзо – можно е за само 24 часа од појавата на првите симптоми да дојде до смртен исход.

Медиумите наведуваат дека состојбата е алармантна.

Скај

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1