Човек од две букви
Имате впечаток дека многу го интересирате, но кога ќе ви се јави, наместо убава воведна реченица, пишува само „Еј“. Да има нешто паметно да каже би рекол веднаш. Оваа е очигледно маж кој сака жената да се труди околу него, а тој само да ужива.
Човек од премногу букви
Спротивност на мажот кој премалку кажува е тој што премногу зборува. На почетокот од секој однос треба да се зборува за себе, но тоа не подразбира да се каже се за себе. Мажот кој на второто или третото допишување ја открива историјата на болеста на својата прабаба очигледно е чуден и е за избегнување.
Оставен дечко
Неговата цел не е да пронајде супер девојка, туку да ја преболи поранешната, која го повредила. Ако премногу зборува за поранешната девојка значи дека се уште има чувства кон неа.
Инстант маж
Уште на првото допишување ве нарекува „драга“? Мажите кои го прескокнуваат вообичаениот тек на запознавање и веднаш се однесуваат како долго време да сте во врска во најмала рака се емоционално нестабилни.
Сега го гледаш, сега не го гледаш
По неколку супер разговори и кога сте помислиле дека се убаво тргнало, тој исчезнува. Такви ги има многу, а на сите заедничко им е тоа што се допишуваат со многу девојки, па кога една ќе престане да биде интересна, тие едноставно исчезнуваат.