Од ноќеска почнува летното сметање на времето


Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, од ноќеска времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година е усвоена на последната седница на Владата, согласно директива на Европскиот Парламент.

„Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање“, соопшти Министерството за економија.

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во три часот наутро, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1