Од новите министри најбогат е Јолевски, тежи 660 илјади евра – најсиромашен Тодоров


Од новите министри, најбогат е новиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, кој е најбогатиот од сите министри во владата на Груевски и Ахмети, објави телевизијата Алсат.

jolevskiiОд кадарот на ДУИ пак, иако нема ништо на свое име, сепак најбогат е Аднан Јашари. Но, неговото богатство е неспоредливо со богатството на Јолевски.

Зоран Јолевски во земјава има недвижен имот од 660 илјади евра. Но, има и стан од 359 илјади долари во Америка. Во накит, акции и обрзници има околу 140 илјади евра. Во банките има уште 10 илјади евра и 15 илјади долари. Но, тој има и кредити од 140 илјади евра и 180 илјади долари.

Иако, Миле Јанакиески досега важеше за најбогат, сепак во новиот состав, е на второ место. Во Скопје и Прилеп има недвижен имот од близу 440 илјади евра. Има 20 илјади евра, пари во кеш, но и во банките, како и акции и накит од 6 илјади евра. Не знае колку му вредат 10-те уметнички слики и двата часовника. Лани се подновил со нисан кашкаи од 20 илајди евра, а ја има и  тојотата од 9 илјади евра.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1