Од ова може да заработите и по 1000 евра од килограм, а може да се најде и во Македонија


Познат е уште од времето на старите Египќани, Римјани и Грци, но повторно е откриен дури во 19 век!

Неговото доцнење меѓу печурките не го попречи веднаш да ја земе кралската титула меѓу фамилијата габи. Плодови со силен, специфичен мирис, во црна или бела боја, со големина меѓу два и осум сантиметри, скриени под површината на земјата, и тоа само на ретки места. Навидум се неугледни, потсетуваат на компир, а на вкус се како мешавина на старо сирење и кромид.0a8ad8943c732b1e65fb32b24bd6146e-119306

Под земјата живеат во симбиоза со коренот на некоја билка или стебло, а од тоа зависи и нивниот мирис. Постојат околу 70 видa тартуфи. Во Македонија е регистриран црниот тартуф, што го има во Мариово, Стогово и Куманово. За лоцирањето на оваа ретка габа се користат дресирани кучиња, а едно од нив чини 5.000 евра. Еден килограм од оваа подземна печурка чини 1 000 евра.

Тешко е да се најде, бидејќи расте исклучиво во диви предедли и никако не може вештачки да се одгледува. Покрај специфичните услови за одгледување, тартуфите имаат единствена арома која се добива со мешавина од дожд и недопрена земја, што дава посебен шмек на секое јадење во кое има барем грам тартуф.

Освен гастрономската вредност, тартуфите се и многу здрави бидејќи ги обновуваат мозочните клетки и го јакнат организмот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1