Од овој затвор никој не излегува жив


Длабоко во пустината Мохаве се наоѓа затвор чуван на највисоко ниво. Во него нема егзекуции, но никој од затворениците не излегува жив од него.

„Прогресивниот програмски објект“ на калифорнискиот државен затвор за мажи е дом на 600 затвореници кои служат доживотна затворска казна. Никој од затворениците не чека погубување, но сите тие ќе живеат и умрат – во Јард А, пишува News.com.au.01-jardA-626-15B34CD1000005DC-759_964x517

Станува збор за затвореници кои направиле тешки злосторства, меѓу кои и убиства. Тројца затвореници од Јард А се субјекти на документарец кој ќе биде објавен во Австралија.

Филмот ја истражува реалноста на „другиот вид на смртна казна“ и прикажува тројца мажи кои во затворот бараат самоподобрување и духовен развој.

Меѓу затворениците е и Кен Хартман кој на смрт претепал еден маж кога имал 10 години и бил пијан. Тој во затворот се наоѓа веќе 36 години. „Јас сум осуден на доживотна казна без можност на помилување. Тоа не е подобро од смртна казна, бидејќи тоа е смртна казна“, рекол Хартман.

Во 2000 година американскиот затворски систем им овозможил на затворениците кои служат доживотна затворска казна посебен објект за да им се овозможи животот да го поминат на место во кое не доминира насилство. Јард А (Yard A) во калифорнискиот државен затвор, затворениците го нарекуваат „дворот на честа“.

За нив е развиена програма според која можат да добијат некои привилегии доколку се придржуваат до правилата во расно интегрираната околина. Тоа е експериментален затвор во кој нема насилство, разни тензии, банди, илегални дроги, алкохол.

„Ако сакате да бидете во овој затвор, мора да бидете ненасилни и да ги прифатите другите затвореници без оглед на нивната раса“, се правилата на затворот кои ги истакнува чуварот на Јард А.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1