Од паркингот на Водно и Нерези собрани 11.000 евра


Целта на Европската недела на мобилност која во Скопје започна со велопикник и велоекспо е промоција на алтернативните видови транспорт и комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација.

Водно е одбрано како локација за овој прв настан од причина што во изминатиот период е направено најмногу за намалување на бројот на возила за време на викендите и државните празници. Средствата собрани од наплатата на паркирањето на паркинзите на Средно Водно и во Нерези ќе се трошат за одржување на Парк Шумата Водно.

Од воведувањето на наплатата на овие два паркинга досега собрани се нешто повеќе од 11.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1