Од петок температурата ќе падне за 15 степени


Во петок во поголем дел од денот времето ќе биде претежно сончево и топло.

Значителна промена на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска висина.

Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1