Хрватот што „лекува со поглед“ гарантира дека по неговата куса сеанса, во која тој од издигнат постамент со поглед ја опфаќа масата, на сите присутни ќе им поминат здравствените проблеми. Девојка си ги нашла вистинските родители, маж се опоравил по тешка операција, излекувани тумори, јајници а дури и се останува бремен после погледот на брацо – се вели во текстовите за него.
Хрватскиот исцелител Јосип Грбавац (47), попознат како Брацо од Сребрењак, е вистински хит во Америка. Тој не вели за себе дека е исцелител, не ни гарантира излекување, а сепак илјадници цекаат за сеанса со поглед кај него.. за тоа и плаќаат по 8 долари по сеанса. Хрватот „лекува со поглед“ така што застанува на издигнат постамент со поглед ја опфаќа масата, и тоа е доволно на сите присутни да им поминат здравствените проблеми.
Наводно, тој уште од 2008 г., освен со најтесниот круг пријатели и соработници, не разговара со никого. Го одбил и понуденото интервју од „Хафингтон пост“. Но ова има и добри страни – му овозможува да „исцелува“ максимален број луѓе дневно, но исто така и го штити од евентуални тужби за измама.
Се наведува дека тој од неодамна добил и специјална тригодишна виза О-1, каква што властите на САД им издаваат исклучително на олимписки прваци и на најдобрите научници и експерти. Наспроти наводите дека за овој успех е заслужен неговиот чудотворен поглед, пренесувајќи ја веста, хрватските медиуми посочуваат дека влијателниот американски политичар со хрватско потекло Денис Kучиниќ, кој имал и претседателска кандидатура, во 2011 година го повел Брацо на приватна турнеја во Kонгресот и направил с` за исцелителот да ја добие оваа виза.
Новинар на „Вашингтон пост“ вака ја опишал средбата со Брацо:
„Стоеше на бината, со рацете на колковите, смирено вртејќи со главата. Гледаше во секого од нас. Почувствував дека двапати стапив во контакт со очите. Направив с` за да го отфрлам својот природен цинизам. По толку потрошени пари за разни лекови и третмани, бев отворен за с`. Kај мене засега нема ништо. Но отворен сум и подготвен да бидам излекуван“.
Велат дека прави сe – од смалување на тумори до растурање љубовни маѓии, и тоа без да каже збор или некого да допре“ жени дури тврдат дека откако со години немале деца по погледот од Брацо останале бремени и родиле здрави дечиња.