Пропаѓа земјата во Центар – се појави опасно свлечиште во Скопје


Оголена инсталација од улично осветлување, опасност од поткопување на улицата – ова се случува на улицата 8 Ударна Бригада, поточно кај италијанската Амбасада во центарот на Скопје.

Svleciste na ulicata kaj italijanska ambasada (5)Веднаш до улицата, бизнисменот Зоран Азманов има добиено дозвола за изградба на хотел. За таа цел е ископана огромна дупка длабока неколку метри, а широка 1 метар на 3 метри. Со копањето на дупката одземен е и дел од тротоарот кој не е во приватна сопственост, се вели во писменото соопштение до јавноста од општина Центар.

Според нив, за ова уште во јануари била известена фирмата „Настел“ за сигурносно да ја обезбеди дупката, но тоа не се случило.

„По поројните дождови направено е свлечиште кое претставува голема опасност бидејќи 10 – 20 сантиметри е влезено во улицата, која може во секое време да пропадне. Во исто време, од поројните дождови оголени се инсталациите од уличното осветлување.

Инспекторите од општина Центар ги известија Азманов и неговата компанија „Настел“ за опасноста од одронот. Доколку ова не се санира во одреден рок, ќе се преземат казнени мерки согласно Законот за градење. Инаку, улицата 8 Ударна Бригада, која што неодамна беше реконструирана од општина Центар, е единствен пристап до 7 станбени објекти, 2 деловни згради и амбасадата на Република Италија во Македонија“, се вели во соопштението.

Svleciste na ulicata kaj italijanska ambasada (4)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1