Од полноќ поевтини горива за два денари


Ноќеска од полноќ горивата поевтинуваат за два денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според тоа, новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар.

benzin4И цената на дизелот ќе се намали за два денара, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,457 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,73 отсто или за 26 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,56 отсто или 14,47 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,12 отсто или за околу 6,65 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1