Од понеделник поевтин роаминг во ЕУ


Од понеделник, 1 јули, преземањето на податици преку мобилен телефон во роаминг меѓу членките на ЕУ ќе биде поевтинo за 36 проценти, соопшти Европската комисија.

Spy-Software-for-Cell-PhonesМобилните оператори во ЕУ ќе мораат да ја намалат цената и другите услуги во роаминг, од кои најмногу ќе поевтини повикот – за 17 проценти.

Одлуката на Европската комисија најмногу ќе ги израдува туристите од ЕУ кои посетуваат други земји членки, бидејќи од 1 јули ќе биде многу поевтино користењето на мапи, прегледувањето на видео снимки, проверката на електронската пошта, како и користењето на социјалните мрежи.

„Роаминг податоците сега во 2013 година ќе бидат поевтини за 91 проценти во однос на 2007 година. Во текот на овој период количината на податоците во роаминг е зголемена за 630 проценти“, се наведува во соопштението.

Превземањето на податоци или пребарувањето на интернет сега ќе може да чини најмногу 45 евроценти плус данок на додадена вредност, што значи намалување за 36 проценти. Повиците ќе се наплатуваат по 24 центи за минута плус данок на додадена вредност, што е намалување за 17 проценти.

Примањето на повици ќе чини седум центи за минута плус ДДВ (12,5 проценти), додека, праќањето на СМС пораки ќе чини најмногу осум центи плус ДДВ (11 проценти).

На мобилните оператори им е оставена можноста за наплатување и на помала цена или за укинување на посебни цени за роаминг.

Denar.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1