Беџети: Бев во дискотеката но не со пиштол и дрога – барам јавно извинување или поднесувам тужба


Министерот за правда Блерим Беџети најави дека ќе поднесе пријава за клевета и навреда против пратеникот на ДПА Беким Фазлиу доколку тој во наредните три дена не искаже јавно извинување за обвинувањата дека поседувал и разделувал наркотични средства во дискотека.

bedzetierer3001g1-1– И покрај мојата слаба волја да се занимавам со ова лице кое не заслужува некој да го губи своето време со него, барам од пратеникот Беким Фазлиу во текот на следните три дена да искаже јавно извинување. Во спротивно, овие омаложувања и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежен суд, бидејќи против него ќе биде поднесена пријава за клевета и навреда. Исто така, сакам да ја известам јавноста дека средствата од оваа клевета ќе бидат наменети за хуманитарни цели, наведува министерот во писмената изјава.

„Како секогаш, ова личност инсистира да придобие политички поени и да го врати неговиот персонален рејтинг внатре во партијата по дебаклот на последните локални избори. акцијата во споменатиот локал се спроведе според сите правила, а шпекулаците во врска со инволвирањето на луѓето што беа со мене, овој пат им ги оставам на волјата за ексклузивност на веста во медиуми. Но, сакам да истакнам дека Беким Фазлиу оди уште подалеку со својата фантазија, велејќи нешто што ниту во медиуми не беше кажано, дека кај мене е најдено нешто противзаконско. Единствената вистина што беше на медиуми за мене поврзано со случајот е дека – да, јас бев во тој момент таму и на ниеден начин моето присуство не ја попречи акцијата“, пишува Беџети.

Канал 5

Министерот за правда фатен со дрога и оружје во дискотека Скопје – тврди Беким Фазлиу
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1